Јеменските Хути, поддржани од Иран, погодија брод во Аденски Залив“’, изјави портпаролот на оваа група Јахја Сари. Нападите почнаа во ноември во знак на солидарност со палестинскиот народ под опсада во Појасот Газа. Сари додаде дека со 37 дрона биле погодени повеќе американски воени разорувачи. Претходно, Хутите нападнаа комерцијален број во Аденскиот Залив при што загинаа тројца челнови на екипажот.
„Поморските и воздушните сили на Јеменските вооружени сили извршија, со помош на Семоќниот Бог, две квалитативни операции. Првата целеше кон американскиот брод во Аденскиот Залив со многу соодветни проектили. А втората, кон повеќе американски разорувачи во Црвено Море и истиот Залив“, изјави портпаролот на Хутите, Јахја Сари.











