Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И ајварот стана луксуз – за 20 тегли требаат 4.000 денари

/

пред 1124 дена

Сподели преку :

Традиционалната зимница и македонски ајвар годинава стануваат луксуз за граѓаните. За ралика од лани ајварскиот пипер на зелените пазари се продава за 20 осто поскапо. Штипјани, кои денеска пазаруваа, велат дека оваа зима ќе имаат помалку тегли со зимница, бидејќи пензиите и платите не им дозволуваат да приготвуваат како од годините наназад.

Зголемената цена на зеленчукот за зимница годинава е резултат на тоа што производителите немале услови за производство. Најсликовито тоа се гледа низ цената на доматот, кој на пазарите се продава од 80 до 100 денари. Традиционалните производители од штипскиот регион се откажале од негово производство.

Црвената пиперка за ајвар се продава од 40 до 60 денари, а лани истиот период граѓаните ја купуваат од 30 до 50 денари. Калкулациите покажуваат за да се направат 20 тегли македонски ајвар потребни се околу 4.000 денари, но овде не е преземетан трудот и маката додека се стави во тегла.

Викторија Јованова