Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И денешниот обид за решавање на проблемот со ЈСП безуспешен, повлечена точката од дневен ред

/

пред 703 дена

Сподели преку :

И денешниот обид за изнаоѓање решение за проблемот со ЈСП пропадна откако иницијативата за зголемување на цената по изминат километар која требаше да се најде на седница беше тргната од дневен ред од страна на предлагачот Макфире Исени.

Таа за Телма вели има нови моменти кои бараат точката да се повлече од дневен ред. Оваа иницијатива беше клучен момент за приватните превозници да продолжат да возат во нормален режим. На денешната градска седница ќе биде и точката за нови еко-автобуси како и предлог одлука за пренесување на сопственост на шест автобуси со компримиран природен гас на јавното сообраќајно претпријатие.

Според информациите Град Скопје и УНОПС на шести август оваа година потпишаа меморандум за разбирање. Проценетата вредност за автобусите е околу 1 милион и 400 илјади евра, а град Скопје без надомест ќе ги даде на ЈСП.

Според информации на Телма приватниците викендов ќе имаат состанок по што ќе одлучат кои ќе бидат следни нивните чекори.