Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И денеска дел од приватните превозници сообраќаа само во претпладневните часови

/

пред 835 дена

Сподели преку :

Дел од приватните превозници и денеска ги паркираа своите автобуси.

Возачите се жалат дека од јануари немаат земено пари и предупредуваат дека ќе возат редуцирано се додека не ги потрошат последните количини нафта.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, под чија ингеренција е ЈСП ги демантира обвинувањата.

Вели дека градот не им должи пари и предупредуваат дека доколку целосно прекинат да сообраќаат ќе добијат соодветни тужби.

Возачите пак остануваат на ставот дека постои долг од над два милиони евра и вечерва ќе имаат состанок на кој ќе одлучат какви ќе бидат нивните идни чекори.

Дел од граѓаните пак велат на некои релации имало приватен превоз.

Постојат три фирми на приватни превозници, „Јофи бус“, „Вестор транс“ и  „Радост компани“.

Според нашите информации два од нив возат редуцирано, а третиот сообраќа во текот на целиот ден.