Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И две недели по пожарот трае увидот во фабриката за кондиторски производи во Виница

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Две недели по пожарот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница увидот од страна на обвинителството се уште е во тек. Во огнената стихија  изгореа два магацини со суровини и готови производи и еден погон, а обвинителството во нив влезе два дена по пожарот, бидејќи се уште имаше жаришта кои тлееја.

Обезбедени се снимки од видео надзор, а од обвинителството беше најавено дека увид ќе прави и вешто лице – електроинженер.

  • На лице место, се уште се преземат одредени увидни дејствија. Дел од вештачењата се завршени, а дел се уште се во тек, брифираат од Основното јавно обвинителство.

Инаку пожарот во најголемата фабрика за кондиторски производи во регионот се случи на 6 септември.

Повредени беа 18 пожарникари, вработени во фабриката, а 13 од нив беа и хоспитализирани. Менаџментот на работи ги врати вработените, а на граѓаните на социјалните мрежи и Стопанската комора помогнаа во кампањата за купување на производи, кои се под брендот на „Макпрогрес-Винчини“.

Викторија Димитрова Јованова