Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И одбраната и обвинителот побараа застарување на ТНТ

/

пред 1063 дена

Сподели преку :

Скопска Апелација ја префрли топката кон Кривичниот суд Скопје. Два месеци чекавме да ги исправат грешките во куцањето на пресудата за случајот ТНТ и дури по ургенции ни вратија некомплетен предмет.

Бизнисменот Фиат Цаноски вчера обвини дека судијата Ѓоко Ристов од Апелација со злоупотреби го одолговлекува случајот за да застари, за да не може да си ја наплати штетата од 11 милиони евра за уривањето на комплексот Космос во 2011 година.

Судијата Ристов на денешната јавна седница за случајот рече дека чекале 2,5 месеци да им вратат комплетен исправен предмет од Кривичниот суд. Додека им ги вратиле исправките, на сила стапија измените на Кривичниот законик со кои случајот може да застари.

Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и Елизабета Најдовска првостепено беа осудени на затворски казни за уривањето, како и да ја надоместат штетата од 11 милиони евра. Нивните бранители сега бараат судот да прогласи застареност.