Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И руските дијаманти на удар – ЕУ со нов, 12-ти, пакет санкции за Москва

/

пред 1048 дена

Сподели преку :

Европската унија (ЕУ) одобри нов пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за увоз на руски дијаманти во ЕУ, се наведува во соопштение од Брисел.

Европските лидери на самитот во Брисел го поздравија усвојувањето на новиот пакет, 12-ти од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Москва е обвинета дека делумно ја финансирала војната против Украина со профитабилната трговија со дијаманти, што овозможува обрт од околу пет милијарди долари годишно.

Забраната на ЕУ се однесува на увоз на природни и синтетички дијаманти и накит од јануари 2024 година, како и на руски дијаманти сечени во други земји од септември 2024 година.