Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И во Аеродром слаб интерес за идниот Генерален урбанистички план

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Слаб е интересот на граѓаните за јавните дискусии за деталните урбанистички планови што секојдневно се одржуваат во Град Скопје. Денес на ред беа општините Кисела Вода и Аеродром, но одѕивот кој го забележавме на лице место беше мал.

Надлежните апелираат граѓаните поактивно да се вклучат во овие дебати, бидејќи тие се клучни за идниот изглед и квалитетот на живеењето во нивните населби. Деталниот урбанистички план е документ кој го уредува просторот во една општина.

Со него се утврдува каде може да има станбени згради, паркови, училишта или сообраќајници. Мирно мина во Аеродром, од градот очекувањата се дека утре ги чека жестока расправа во Чаир.