Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иако најавија дека кризата е успешно надмината владата ќе издвои нови 50 милиони евра за ЕСМ

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Иако веќе заврши грејната сезона, Владата одлучи да му префрли на АД ЕСМ државна помош од буџетот во висина од 50 милиони евра.

Одлуката за одобрување на финансиска помош за справување со енергетската криза била одобрена на владината седница на 28 април, пишува Фактор.

Средствата од член 1 од оваа одлука ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година“, стои во одлуката. Иако властите изминатиот период ја убедуваа јавноста дека енергетската криза е под контрола, и понатаму продолжува издвојувањето на вртоглави суми од буџетот за поддршка.

Последен пат повисока сума Владата префрли на ЕСМ во последните денови минатата година, а годинава се чинеше дека повеќе нема да има вакви „финансиски турбуленции“ и дека ќе следува период на стабилизација.