Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иако осомничен за мито, поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош е пуштен од притвор и ќе си добива министерска плата цела година

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Доскорешниот министер за здравство Вили Берош приведен поради коруптивен скандал  излезе на слобода по 10 -дневниот притвор во Реметинац откако обвинителството ги сослуша сите сведоци во истрагата.

Вили Берош откако беше сменет од функцијата министер, имаше понуда да се врати на своето поранешно работно место, неврохирург во болница, но има законска можност да си ги побара министерските плати и да си ги добие и покрај тоа што е осомничен за корупција. .

Берош за хрватските медиуми изјавил дека веќе побарал барање за користење на функционерски привилегии  со кои се предвидуваат 6 целосни плати како министер и 6 половични плати како министер. Тоа е законски можно во Хрватска. Како причина поради кое го испратил барањето е да осигура егзистенција за својата фамилија.

-Тие 6+6 (плати) се шанса, особено ако се докаже дека сум невин, да осигурам егзистенција за моето семејство. Дали некој со обвинение на врат би можел концентрирано да си ја работи својата работа. Ќе видиме што ќе биде понатаму особено во Саборот (Хрватски Парламент), изјави Берош при излегување од притворот.

Берош пред хрватските медиуми во јануари изјави дека заработува нето плата од 2.650 евра, но, во меѓувреме министерските плати во Хрватска забележаа пораст, а со оглед на тоа што Берош беше и потпретседател на влада неговата месечна плата би изнесувала околу 4.700 евра.

Според проценките на хрватските економисти, износот кои Берош би требало да го добие како министерска плата додека трае истрагата за него, би изнесувал повеќе од 40.000 евра.

Вили Берош се товари за злоупотреба на службената положба, а додека Европското обвинителство го товари за примање мито.

Берош кој е избран како член на ХДЗ за пратеник во хрватскиот Сабор додека беше министер имаше заменик во парламентарните клупи. Но, побара да му се активира мандатот со што неговата плата додека е осомничен би изнесувала речиси 50 илјади евра годишно.