Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петицијата за унапредување на системот „Сејф Сити“ со казни за фрлање отпад е предадена во Владата и во МВР

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Неформалната граѓанска група „За почиста Македонија“ соопшти дека собрале повеќе од 1.000 потписи од граѓани со поддршка за петицијата за унапредување на системот „Сејф Сити“.

Тие бараат воведување казни за фрлање отпад на јавни површини.

Од иницијативата информираат дека петицијата денеска ја доставиле до Влада на Република Северна Македонија и до Министерство за внатрешни работи.

Според иницијаторите, поддршката од граѓаните претставува јасен сигнал дека постои широка јавна согласност за поодлучна борба против загадувањето и неодговорното однесување во јавниот простор, а системот „Сејф Сити“ може да има значајна улога не само во сообраќајната безбедност, туку и во заштитата на животната средина, доколку се искористи за санкционирање на фрлањето отпад.