Играч во Арканзас го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на „Powerball“, најголемата награда за 2025 година и втор најголем џекпот во историјата на САД.
Џекпотот беше добиен по тримесечен период без победник, со 46 последователни извлекувања без добитник. Добитникот сега има право за еднократна исплата во готово од 834,9 милиони долари или парите да му бидат исплаќани на рати во целиот износ.
Ова е вторпат џекпотот на „Powerball“ да биде освоен од лоз продаден во Арканзас; првиот беше во 2010 година. Последното извлекување со победник на џекпот беше на 6 септември 2025 година, кога играчи во Мисури и Тексас освоија 1,787 милијарди долари.
Т.Д.











