Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дневно ги следи извештаите од центрите за јавно здравје и матичните лекари за состојбата со грип и ако има отстапки од просекот ќе даде препораки до министерството за образование дали зимскиот распуст треба да се продолжи, вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Според последниот неделен извештај, во првата недела од јануари се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип, што е двојно зголемување во однос на претходната недела. Засега, доминантна е инфлуенца А.











