Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИЈЗ: Водата да биде прв избор за престојните празници

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Институтот за јавно здравје издаде препораки за правилна хидратација за време на празниците.

Се советува водата да биде прв избор, додека се препорачува избегнување на слатките пијалаци и алкохолот.

Слатките пијалаци, како газирани, овошни и енергетски пијалаци, се поврзуваат со здравствени ризици како дебелина, дијабетес тип два и кардиоваскуларни болести.

ИЈЗ исто така нагласува дека не постои безбедно ниво на консумирање алкохол, бидејќи алкохолот е поврзан со повеќе видови рак и смртни случаи.

Од Институтот апелираат изборот да падне на вода, млеко, јогурт, чаеви без додаден шеќер, а алкохолод и засладените пијалаци да се избегнуваат.