Најчесто комуникацијата меѓу локалната власт и граѓаните е еднонасочна, односно градоначалниците објавуваат што направиле но, граѓаните не добиваат одговор за нивните проблеми, ова се дел од истражувањето кое денеска на саемот на локалната самоуправа на ВМРО – ДПМНЕ го презентираше Илина Мангова, програмска директорка на Меѓународниот републикански институт ИРИ.
Таа истакна дека за да се стекне довербата на граѓаните потребно е проектите да прераснат во системски решенија.











