Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници Аргентинци на протест против фемицидот: Бараат правда за брутално убиени девојки

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Буенос Аирес, барајќи правда за 15-годишната Лара Гутиерез и 20-годишните роднини Морена Верди и Бренда дел Кастиљо, кои беа киднапирани, мачени и убиени.

Ужасниот чин бил дури и пренесуван во живо на социјалните мрежи.

Полицијата верува дека убиствата се дело на нарко-банда, која сакала да испрати предупредување до другите.

Жртвите биле намамени во комбе со изговор дека одат на забава, но наместо тоа, биле „казнети“ за наводно прекршување на бандитски кодекс.

Телата беа пронајдени закопани пет дена по нивното исчезнување. Досега се уапсени пет лица, но осомничениот водач на групата, 20-годишен Перуанец, сè уште е во бегство.

На протестот во центарот на Буенос Аирес, под мотото „Нема добри или лоши жртви – само фемицид“, се обратија роднините на девојките.

„Жените мора да се заштитат повеќе од кога било“, изјави таткото на Бренда, додека нејзиниот дедо рече: „Ништо од тоа што го направија не би му го направиле ни на животно“.

Според аргентинска организација за следење на фемициди, една жена е убиена од маж секои 36 часа во земјата.