Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници млади тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад во знак на протест

/

пред 338 дена

Сподели преку :

Неколку илјади студенти, средношколци и граѓани  тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад, каде утре ќе се одржи комеморативен собир по повод една година од падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, несреќа во која загинаа 16 лица. Според организаторите, во протестниот марш учествуваат повеќе од три илјади лица, претежно млади, кои бараат одговорност за трагедијата и системските пропусти што, како што велат, се последица на коруптивното и неодговорно владеење. Студентските протести во Србија минатата година повеќепати ја парализираа државата и го разнишаа владеењето на претседателот Александар Вучиќ. Младите повторно ја упатуваат вината кон власта, обвинувајќи ја дека преку години на неказнивост и партизација го создала системот кој доведе до трагедијата во Нови Сад.