Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.
Дознаваме дека работниците во комбето биле од Бангладеш.
Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од штипската полициската станица.











