Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе причини за немање учебници за основно и средно образование, кажа министерката Јаневска

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Неодобрени, не постојат според новата Концепција или програмата за работа, а за тие по англиски јазик вината не е наша што ги нема во тековната учебна година. Но, ќе ги има од следната. Вака министерката за образование Весна Јаневска одговори денеска на вчерашната прозивка од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, дека на регионот му недостигаат 20.000 учебници за основно и средно образование во тековната учебна година.

Во врска со реакцијата дека учениците се незадоволни и од добиените стари, искинати и исчкртани учебници, Јаневска кажа дека вината е кај директорите на училиштата, кои на крајот на учебната година за да ги заштитат родителите да не плаѓаат казни, не ги пријавиле оштетените учебници во МОН. Министерката најави надминување на проблемите со учебниците со усвојување за кусо време на шест нови закони, меѓу кои е и Законот за учебници и кажа зошто нема книги за трета и четврта година од средно стручно образование.

„Процедурата кај минатата власт не вродила со плод. Не се одобрени учебниците, значи повторувам нешто што сум го кажала. Затоа што немало автори, затоа што немало рецензенти , затоа што  мислењето на Бирото  и на рецензентите било некогаш во колизија, па Националната комисија едно време не беше формирана, па потоа таа требаше да носи одлуки на позитивна или на негативна рецензија од двата чинители. И огромен број не се одобрени. Неодобрени учебници ние не можеме да печатиме“, кажа Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

https://youtu.be/dwVAKoCVasw