Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Имало правна пракса во собранието за неспоивоста на две јавни функции, но и неоставање на вакуум на битните институции, тврди Гаши

/

пред 870 дена

Сподели преку :

Не станува збор за политички договор, туку ова е правно прашање кое мора во иднина да го решаваме, вели Африм Гаши во Топ Тема на Телма прашан, дали е Талат Џафери легитимен премиер, исто и министерот за здравство Илир Демири и дали има политички договор за да продолжи да функционира Влада со Талат Џафери на чело.

  • Правна пракса во собранието по ова прашање има десетици такви случаи во минатото, тоа се решавало како и сега. Има одредба како што е неспоивоста на двете функции и неоставање на вакуум на битните институции и не можиме законски да го решиме затоа што тлее во Уставот и има различни правни интерпретации и одредбите кои оставаат простор за различна интерпретеција. Не станува збор за политички договор, туку ова е правно прашање кое мора во иднина да го решаваме, вели ГАши

Никој не може да гарантира дали ќе дојде до околности во кои Владата нема да ги извршува само основните функции. А тогаш на сила може дојдат дилемите околу уставноста и законитоста на  донесените одлуки ?

  • Се знаат тие одредби владата е техничка и не носи големи одлуки и во таков ризик нема да влеземе. Но ако мора да донесе некоја одлука. Ова е правно прашање и треба уставно решение, истакна Гаши.