Еден млад човек во изјава за новинската агенција АФП рече дека бил заробен во зградата што горела и морал да скрши прозорец за да избега.
„Бевме заробени, многу луѓе беа заробени. Не можевме да видиме поради чадот“, вели тој. „Не знаевме како ќе излеземе.“
„Бев сам и не знаев како можам да го направам тоа, но успеав да скршам прозорец и да излезам низ прозорецот. Половина од облеката ми беше исчезната“, вели тој.
„Бев во подрумот. Јас и моите пријатели се забавувавме, за жал некои од нашите пријатели повеќе не се со нас поради пожарот“.
„Луѓето беа заробени. Морав да поставам маса за да се сокријам зад неа, заробен од пламенот. Но, излегов. Тоа е главната работа.“
Во моментите пред да започне пожарот, тој вели дека во барот имало келнерки „со шишиња шампањ со ракети премногу блиску до таванот“ и дека „пожарот се појавил одеднаш“.
Две француски државјанки кои биле во барот синоќа претпоставуваат дека пожарот настанал како резултат на свеќа од која се потпалил таванот, а целиот објект бил од дрво. Велат дека една од келнерките ставила „роденденски свеќи“ врз неколку шишиња шампањ, и ги кренала високо, по што пламнал целиот таван.
Сепак според обвинителството прерано е да се утврди причината за пожарот, бидејќи експертите сè уште го истражуваат објектот.
Околу 40 загинати, повеќе од 100 повредени во пожар на новогодишна прослава во Швајцарија
Б.С.











