Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Имате еден месец – Хутите со рок до Американците и Британците да го напуштат Јемен

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

Лидерите на Хутите во Јемен му наредија на американскиот и британскиот персонал при Обединетите Нации (ОН) и на хуманитарните организации во Сана да ја напуштат земјата во рок од еден месец. Одлуката е донесена по воздушните напади на САД и на Велика Британија, со помош на други земји, врз воени цели на проиранската група која атакува на комерцијални бродови во Црвеното Море за кои тврди дека се поврзани со Израел.

„Министерството сака да нагласи дека морате да ги информирате официјалните лица и персонал со американско и британско државјанство да се подготват за напуштање на земјата во рок од 30 дена“, се наведува во писмото што Хутите го испратија на Питер Хокинс, заменик координатор за хуманитарна помош на ОН во Јемен. Портпаролот на Хутите, Мухамед Абдулсалам, за Ројтерс, ја потврди автентичноста на писмото.

Американската амбасада преку соопштение, пак, наведе дека е запозната со извештајот за писмото, но дека „не може да говори во име на ОН или хуманитарните организации во Јемен“. Британската амбасада соопшти дека на вработените сè уште не им е наредено да ја напуштат земјата и оти е во контакт со ОН по тоа прашање.

„Обединетите нации даваат клучна помош за јеменскиот народ преку истите морски патишта за кои Хутите се закана“, се наведува во соопштението на британската амбасада во Јемен.