Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инцидент по говорот на кралот Чарлс: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“

/

пред 730 дена

Сподели преку :

Сенаторката Лидија Торп беше отстранета од австралискиот парламент за време на приемот за кралот Чарлс III. По неговото обраќање пред пратениците во Канбера во знак на протест извика „Ти не си нашиот крал!“.

Инцидентот се случи во контекст на одлуката на владините лидери од сите шест австралиски држави да не присуствуваат на приемот, истакнувајќи притоа дека сакаа австралиски државјанин на местото на шеф на државата наместо британскиот монарх. Премиерот Ентони Албанез, кој исто така ја поддржува идеја за република, ги отфрли можностите за референдум во текот на својот мандат.

По приемот во австралискиот парламент Кралот Чарлс III ќе отпатува за Самоа, каде ќе учествува на состанокот на шефовите на владите на Комонвелтот.