Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иновативна веб-апликација за интерактивно учење за ученици со аутизам и интелектуална попреченост

/

пред 737 дена

Сподели преку :

Голем недостиг на прилагодени дигитални содржини и алатки кои се соодветни за учениците со аутизам и интелектуална попреченост, бележат последните истражувања на Аутизам Институт. Важно е да се биде во чекор со светските трендови и со земјите во регионот, пред сè, во интерес на децата, вели Василевска Петровска .

„Ова предизвикува една нееднаквост во образовниот процес за овие ученици. Проекот ISEC-ADE работи токму на ова. Нуди решенија преку две дигитални алатки. TeachSpace алатката нуди креирање и персонализација на дигитални активности за ученици со посебни образовни потреби, додека TeachHubе е Платформа каде што може да се споделуваат образовни ресурси помеѓу наставниците, специјалните едукатори образовните асистенти и сите кои работат со деца со аутизам и интелектуална попреченост“, изјава Ивана Василевска – Петровска од Аутизам Институт.

Досега има над 300 регистрирани корисници, со над 30 обучени тренери и над 300 наставници кои ја минале обуката. 

„Ние се обидовме да направиме и едно здржување на децата со типичен развој, бидејќи целта на инклузијата е да ги соединиме сите заедно, така што кај помалите деца од прво до трето одделение има голем интерес. Се прават мали групи каде што на еден лаптоп или еден таблет може да ја применуваат оваа апликација на еден креативен дигитален начин“, изјави Весна Филиповска, специјална едукаторка и рехабилитаторка.

Според министерката Јаневска, МОН и во иднина ќе ги поддржува ваквите проекти во рамки на своите можности. На прашањето дали има доволно ресурсни центри и доволно соодветен кадар Јаневска со став:

„Во овој момент немаме чувство дека недостига кадар, затоа што училиштата имаат стручни служби и инклузивни тимови, инклузивен тим на ученикот. И ресурсните центри имаат стручен кадар. Во однос на образовните асистенти работиме според барањата кои ги одобрува МКФ и барањата на училиштата“, изјава Весна Јаневска, министер за образование и наука.

Во моментов се работи според постоечкиот закон, но се надеваат дека со измените ќе има подобрување на целиот процес со што образовната асистенција ќе биде достапна на секое дете на кое му е потребна, додава Јаневска.

Нина Стефанова