Државниот инспекторат за животна средина е надлежен да провери дали се врши бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар во општина Аеродром, како што обвини скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Експлоатацијата, како што обелодени, ја врши фирмата „Прогрес Компани“ која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата.
За да врши ископ „Прогрес компани“ треба да има дозвола за експлоатација која се издава врз основа на одобрен Елаборат за заштита на животната средина.
А, за утре градоначалничка Арсовска најави ќе ги објавува едно по едно сите констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сѐ уште никој не постапува од надлежните институции во насока на предмети за дивоградби, сомнителни јавни набавки и неспроведени извршни решенија.











