Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интегрирањето на Западен Балкан на дневен ред на состанокот на министрите на ЕУ

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Најдобриот сигнал кој може, и треба, да му биде испратен на Западниот Балкан во услови кога други се обидуваат да го наметнат своето влијание во регионот е почеток на преговорите со Македонија и со Албанија. Ова ставот на словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, изнесен денеска пред стартот состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ на кој интеграциијата на Западниот Балкан и руската инвазија врз Украина, се клучниет теми за кои ќе раговараат, а на кој ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи и земјите од регионов.

„Оваа одлука за почеток е одамна задоцнета и не гледам, буквално, не гледам причина за понатамошно одложување на почетокот. Тоа е она што Западниот Балкан го очекува од нас бидејќи им ветивме дека кога ќе ги исполнат важните критериуми, ние ќе испорачаме. И ние тоа мора да го направиме тоа сега. Уште поважно е дека гладаме дека другу натпреваруваќи се борат за Западниот Балкан и, и ќе повторам, дека тоа ќе биде најдобриот сигнал кој може да ги испратиме“, изјави Иван Корочок, министер за надворешни работи на Словачка.

Корчок освен оваа порака испарти порака и до земјите регионот, велејќи дека војната во Украина е пресудниот момент за Европа во кој токму земјите од Западниот Балкан треба да демонстрираат дали припаѓаат во семејството од 27 земји-членки и за кои вредности се залагаат.

И првиот човек на Европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска со порака дека Западниот Балкан е важен за Унијата.

Геополитичкото значење на интеграцијата на Западнито Балкан во ЕУ пред почетокот на министерскиот состанок го потенцираше и гераманската министерка, Аналена Бербок, која повторно побара старт на преговорите со Македонија и со Албанија.

Освен со колегите од Западниот Балкан министрите од ЕУ денеска разговараа и со украински министер за надворешни рабои, за да ја донесат одлука за зголемување на финансирањето на ЕУ за испорака на оружје за Украина за дополнителни од 500 милиони до две милијарди евра.

Тамара Грнчароска