Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интензивно се трага по Вања, ангажирани се стотици полицајци, граѓани, ловџии

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

И по шест дена од исчезнувањето на малолетничката од Скопје, се уште нема ни трага ни глас. 14 годишната Вања во понеделникот утрото се упатила кон училиште но потоа и се губи секаква трага.

Вања излегла од дома утрото на 27-ми ноември во 07:27 минути од станот кој се наоѓа во Дебар Маало на улицата „Наум Наумовски – Борче“. Од таму се упатила до нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во 11 часот нејзиното исчезнување го пријавил таткото во полициската станица „Беко“, односно Центар. Претходно мајката во 08:35 пријавила на полиција дека детето ѝ е исчезнато.

Во пребарувањето вклучени се стотици полицајци, граѓани, ловџии. По Вања трага и „Интерпол“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера изјави дека за пронаоѓање на 14-годишното девојче досега пребарано е речното корито на Вардар, а во потрагата било вклучено и пребарување на подрумски простории, добиени се информации од околните цркви и манастири, прегледани се снимките од безбедносните камери, а за случајот извршени се разговори со голем број лица.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’.