Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпелација за претседателот на Уставен пред пратениците

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска ќе се најде на дневен ред на седница во Собранието пред пратениците.

Ја поднесе пратеничката група на Европски фронт, која го обвинува Костадиновски за прекршување на законот за употреба на јазиците и Законот за Уставниот суд.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека постои дилема дали е соодветно Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд, но законскиот основ е јасен и точката ќе биде разгледана според утврдената процедура.

Од Уставниот суд, пак, посочија дека оваа институција е независна и дека Собранието нема надлежност да влијае врз уставните судии по нивниот избор.

Седницата ќе ја одбележи и можноста пратениците да гласаат дали точката за интерпелацијата да се отстрани од дневниот ред, со оглед на различните ставови меѓу пратеничките групи.