Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

/

пред 491 дена

Сподели преку :

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека учеството во нуклеарни преговори со САД, кои требаше да се одржат во Оман, е „бесмислено“ додека Израел продолжува со напади врз Иран.

– Очигледно е дека во вакви околности, додека ционистичкиот режим врши агресија врз иранскиот народ, нема логика да се разговара со страна која е најголем поддржувач и соучесник на агресорот, изјави портпаролот Есмаил Бакеи, пренесува Ал Џезира.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, додаде дека „нема оправдување“ за продолжување на индиректните преговори додека трае „варварското однесување“ на Израел. Разговорите беа планирани за утре во Оман.