Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран лансираше беспилотни летала кон Израел, Тел Авив тврди – подготвени сме!

/

пред 922 дена

Сподели преку :

Иран лансираше бран беспилотни летала кон Израел, соопштија Израелските безбедносни сили.

Според израелската армија, на дроновите ќе им бидат потребни неколку часови да стигнат до израелска територија, имајќи во предвид дека двете земји се на 1.800 километри далечина.

Иран повеќе пати изминативе две недели се закануваше дека ќе се одмазди за воздушниот напад врз нивниот конзулат во Дамакс, во кој загинаа 13 лица, меѓу кои високи команданти на иранските сили и нивните сојузнички паравоени формации. Израел официјално не презеде одговорност за тој напад, но многумина се убедени дека токму Тел Авив стои зад нападот.

Претходно денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е подготвена за секакво сценарио, како офанзивно, така и дефанзивно.