Двете ракети испукани кон Турција не потекнуваат од Иран, вели иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
За време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Пезешкијан „изјави дека ракетите што влегле во турскиот воздушен простор не биле од иранско потекло и дека прашањето ќе биде темелно истражено“, соопшти турското претседателство рано утрово.
Турција, членка на НАТО, во понеделник соопшти дека балистичка ракета лансирана од соседен Иран била неутрализирана од одбранбените системи на алијансата додека влегувала во турскиот воздушен простор.











