Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

/

пред 913 дена

Сподели преку :

Иран не планира да одговори на изралескиот напад врз воздушна база во централниот дел на земјата, рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи.

„Инцидентот беше диверзантски маневар и не е вреден за споменување“, порача Насер Канани, пренесува државната новинска агенција ИРНА.

Акцијата беше толку безначајна, па ниту самите Израелци не сакаат да преземат одговорност за неа, изјави Канани и нагласи оти Иран не сака ескалација на напнатоста во регионот, но и дека ќе одговори на секоја израелска агресија во иднина.

Повеќе медиуми во САД известија дека Израел во петокот погодил база на воздухопловните сили во покраимната Исфахан, недалеку од иранбските нуклеарни постројки.