Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранска ракета ја погоди главната болница во јужен Израел

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Иранска балистичка ракета рано утрово директно ја погоди главната болница во јужен Израел — медицинскиот центар „Сорока“ во Бершеба — предизвикувајќи „обемна штета“ и повредувајќи неколку лица, потврдија од болницата.

Покрај болницата, други ирански ракети удрија и во висококатница во Тел Авив, како и на неколку локации во централниот дел на земјата. Според израелската служба за итна помош, најмалку 40 лица се повредени во нападите.

Одговорот од израелска страна беше брз — воени сили извршија напади врз реакторот на тешка вода во Арак и други објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран. Ова е седми ден од ескалацијата, која започна со неочекувана израелска воздушна офанзива насочена кон ирански воени локации, високи офицери и нуклеарни научници. Ситуацијата продолжува да ескалира, со сериозни последици по безбедноста и стабилноста на целиот Блиски Исток.