Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранската Револуционерна гарда испалила четири балистички ракети кон американскиот носач Абрахам Линколн

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Иранската Револуционерна гарда тврди дека го нападнала американскиот носач на авиони УСС „Абрахам Линколн“ со четири балистички ракети. Иранците не откриваат повеќе детали во соопштението.

Американската морнарица се уште не го потврдила нападот.

„Абрахам Линколн“ е петтиот американски носач на авиони од класата „Нимиц“, на кого исто така се распоредени и Ф-35 авиони, невидливи за непријателските радари.

Американските носачи никогаш не пловат сами и се секогаш дел од борбена група која вклучува најмалку три разурнувачи и една подморница.

Последната позната локација на американскиот носач е во близина на Бахреин, во Персискиот залив, според сателитските снимки од 18 фебруари.