Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ирена Цветковиќ во Вин Вин: Претставувањето на Џихан Ахмед не е исклучок и конкретната личност не ја сметам за проблем туку за симптом- симптом на едно комплетно обесмислување на институциите

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Ова претставување во Собранието на кандидатка (Џихан Ахмед за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација) не е исклучок и конкретната личност не ја сметам за проблем туку за симптом, рече во вечерашната Вин Вин Ирена Цветковиќ, Коалиција Маргини.

  • Симптом на едно комплетно обесмислување на институциите. Замислете парадоксот имате Собрание кое што го донело Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој се пропишани критериуми за тоа кој може да стане член на истата комисија и истото тоа собрание го крши законот тоа е поголемиот проблем. Конечно прашањето кое што беше поставено од Аврамов е прашање особено поврзано со образованието е исклучиво важно затоа што истата таа комисија пред некое време донела мислење за законите. Не е прашањето дали кандидатката знае подробности од одреден правен акт, туку прашањето е зошто имаме институции кои што потпишуваат и ратификуваат меѓународни документи во кои што не веруваат, рече Цветковиќ.