Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние – Мицкоски со порака до Ахмети

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата е недвосмислено определена да продолжи по европскиот пат. Преку институционални канали ќе бара решение за деблокада на македонските евроинтеграции, а вели во процесот ќе биде вклучена и опозицијата, кога ќе дојде време за тоа.

Во 30-минутниот говор пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, тој рече дека со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување, направвена е лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во Европската Унија. А, стравувањата дека Македонија ќе стане заробена држава ги нарече беспредметни.

Мицкоски лично му се обрати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со повик да ја реформира партијата.

„Исчисти ги криминалците од твоите редови. Ќе ти помогнеме и ние во тоа“, му рече Мицкоски на Ахмети. Го повика и СДСМ да ги надминат суетите и да не критикуваат по секоја цена. Еве дел од пораките на Мицкоски.