Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исени: Кочани беше колективен шок, тоа покажува дека не е резултат на еден пропуст, туку на синџир на пропусти

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Кочанската трагедија направи колективен шок. Таа јасно покажува дека таквите настани не се резултат на еден пропуст или погрешна одлука, туку се резултат на синџир на пропусти, рече аналитичарот Џенур Исени во „Директно“ на Телма ТВ.

„Тоа треба да биде поука и за локалната и за централната власт дека не треба да дозволат системот да ги нормализира таквите ризици, наместо да ги спречат“, вели Исени.

За него, проектот „Безбеден град“ е добра работа за спречување на трагедиите низ патиштата. Исени ги спомена и Локалните избори за кого беа најважниот политички процес во земјата.

„Не донесоа ништо ново. Само го потврдија легитиметот на власта на парламентарните избори“, смета Исени.

С.Д.