Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК Битола- Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем. Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија, соопштува ЕСМ.

Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, за среќа, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, а стручни лица од РЕК Битола и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денхешниот инцидент.

Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ.