Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исламска држава презеде одговорност за бомбашките напади во Иран со најмалку 103 убиени и над 140 повредени лица

/

пред 1027 дена

Сподели преку :

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете експлозии во Иран во кои загинаа најмалку 103 луѓе, а над 140 беа повредени. Ескплозиите се случија во иранскиот град Керман, во близина на гробишта на кои е погребан поранешниот генерал на елитните единици „Кудс“ при иранската Револуционерна гарда, Касим Сулејмани.

Исламска држава објави соопштение на Телеграм дека ја презема одговорноста за крвавиот напад, пренесува „Ројтерс“.

Ирански официјални лица претходно го оквалификуваа нападот како терористички, но не наведоа кој би можел да стои зад него.