Шеесет и три милиони Турци со право на глас денеска ја изразуваат сопствената волја на локални избори на кои улествуваат 34 политипчки партии. Фокусот е Истанбул, каде власта ја посакува актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, но и главниот град Анкара. Денешното гласање се гледа како барометар за неговата популарност во обид да ја врати контролата врз клучните урбани средини ки ги загуби пред пет години. По остварување на неговото гласачко право, тој изрази надеж дека овие избори ќе најават „почеток на нова ера и нов век“.
Седумдесетгодишниот турски претседател се стреми кон враќање на Истанбул, град со 16 милиони жители каде што е роден и израснат и каде ја започна својата политичка кариера како градоначалник во 1994 година. Според аналитичарите, евентуален добар резултат на неговата Партија на правдата и развојот, ќе ја зацврсти решеноста на шефот на државата да воведе нов устав – кој ќе ги одразува неговите конзервативни вредности и ќе му овозможи да владее по 2028 година, кога ќе му заврши сегашниот мандат.
За опозицијата, која е поделена и деморализирана по поразот на минатогодишните претседателски и парламентарни избори, задржувањето на Истанбул и Анкара ќе биде голем предизвик за што се вложија максимални напори за ремобилизација на поддржувачите и се надеваат во повторување на резултатите од 2019-та година.
Сашко Димовски











