Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истекува октомври а учебници сѐ уште нема тврдат надлежните – министерот уверува сите се доставени вчера

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Истекува крајот на месец октомври а истече и рокот на министерот Шаќири за достава на сите учебници до рацете на учениците. Најавата беше етапно доставување до почетокот на октомври, но не сите училишта го добија потребниот материјал. Телма во разговор со неколку училишта ја потврдија информацијата дека недостасуваат дел од учебниците и за трето и за шестто одделение- министерот тврди дека основците ги имаат речиси сите учебници.

Вчера се заврши според информациите што ги добивам заради тоа што има ситуација каде што во одредени училишта се доставува заради неколку временски периоди кога стигнува доставата, вели Јетон Шаќири министер за образование и наука.

Вината што учениците втор месец од учебната година ја поминуваат без дел од учебниците ја лоцира во тоа што наставните програми не стигаат навремено. Шаќири апелира за следната година кога се очекува нова програма за седмо одделние, наставниот материјал да пристигне до месец ноември, за навреме да стигнат со нивна подготовка до почетокот на следната учебна година.

Имавме одредени ситуации каде за одредени учебници требаше многу да се работи на креирање на графичко техничка регулација. Исто така имавме за одреден учебник да не споменувам при крајот на достава на авторите, авторите да побараат за некој дел од учебникот да се корегира, вели Јетон Шаќири министер за образование и наука.

Се спрема и првата тужба за министерството за образование и наука која наскоро ќе ја поднесе комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што според претседателката Весна Бендевска се работи за сериозен проблем и потребно е време истата да се подготви. Ова е трета година како учебната година започна без потребниот материјал, а лани дел од основците ја завршија и без учебници по некои предмети иако министерот ветуваше дека такви проблеми оваа година нема да има.

Симона Петровска