Историскиот судски процес против Доналд Трамп се приближува кон крајот.
Обвинителството и одбраната ги изнесоа своите завршни зборови пред судот, сега на потег е поротата.
Ова е прв судски процес во кој поранешен претседател на САД се гони за кривично дело. Поротниците ќе мора да донесат едногласна одлука.
Доколку го прогласат за виновен, судијата подоцна ќе ја одреди казната, 77-годишниот поранешен претседател е соочен со затворска казна, но експертите сметаат дека е поверојатно да добие условна или парична казна.
За време на маратонското сослушување обвинителите рекоа дека тој бил во срцето на заговорот и дека влијаел на исходот на изборите во 2016 година, а неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен призна дека лажел во име на финансиската проневера и дека за молчењето за аферата со порно актерката Сторми Даниелс добил 130.000 долари, а исплатите биле лажно пријавени како трошоци за адвокатски услуги.
Додека адвокатите на Трамп бараат ослободителна пресуда за сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги, обвинителите го бараат токму спротивното.
Тие бараат Трамп да биде осуден по секое обвинение.
Пред судот Доналд Трамп Џуниор силно го нападна Мајкл Коен нарекувајќи го лажго и срам за американската демократија.
-Ова е лудило. Ова е срамота. Ова е гадно за демократијата и за нашата држава. А сепак продолжува. Сите во овој случај се во судир и зависи од еден човек кој не само што е лажго, осуден, туку е и изгубен. Неговата правна лиценца е укината и одлежал затвор поради лажење пред телата на Конгресот- Доналд Трамп Помладиот, извршен директор на организацијата Трамп.
Трамп е обвинет за фалсификување деловни книги.
Јавниот обвинител, исто така, смета дека исплатата на парите претставува незаконско мешање во претседателските избори во 2016 година
Трамп го опишува процесот како политички маневар со цел да влијае на неговата изборна кампања против претседателот Џо Бајден.
Наскоро 12- те поротници треба да донесат одлука дали поранешниот претседател, и претпоставен републикански кандидат за изборите во ноември, е виновен за фалсификување деловни досиеја











