Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Poternica Vasko Kovacevski Artan Grubi

Истраги против политичари само кога ќе паднат од власт

/

пред 661 дена

Сподели преку :

Годинава завршува со ликовите на двајца високи поранешни функционери од претходната влада на меѓународни потерници.

На последниот ден од оваа година, МВР распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на државниот производител на струја ЕСМ Васко Ковачевски. Тој им се придружи на поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс-директорот на Државната лотарија Перпарим Бајрами. За нив обвинителството отвори истрага.

На распит беше повикан и поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски, кој остана без пасош, а полицијата го испрашувала и синот на поранешниот заменик министер за внатрешни Назим Буши. Нивните случаи не се ни стигнати до истрага.

Полицијата обично почнува да се интересира за функционерски криминал кога се работи за поранешни функционери – оние кои веќе ја немаат заштитата што им ја носи власта. Тоа, пак, обично ги отвора и прашањата дали се работи за искрена борба против корупцијата или за политички прогон.

КОД оваа година ја доби наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за истражувањето на инвестицијата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети во трговскиот центар Соравија. Код ја отвори приказната во претходната 2023 година, а младиот Ахмети годинава се повлече од сопствеништво во Соравија. Случајот сè уште е во фаза на предистрага.

На политичко-криминален план, годинава почна и завршува со ДУИ. Се чини дека полицијата и обвинителството се охрабрија во истрагите, откако Груби заврши на американската црна листа, затоа што со Апелациониот судија Енвер Беџети му помогнале на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков да се спаси од затвор.

Претседателот на Огранокот на ДУИ во Чаир и советник во Македонската навигација на 4 јануари годинава, со уште седуммина упадна во контролата на летање, при што беше нападнат контролор. Тамошниот синдикат се пожали дека на тој начин била загрозена безбедноста на авиосообраќајот. Половина година подоцна, судот утврди дека безбедноста на авионите не била загрозена, и ги осуди на условни казни за „Попречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

КОД во изминатата година во неколку наврати го истражуваше работењето на Државната лотарија и отворањето на нови фирми за електронско и интернет коцкање за што се товарат Груби и Бајрами.  Сепак, кога полицијата тропна на нивните врати, тие, со полициски речник, не беа достапни за органите на прогонот.

Тема на интерес на новинарските истражувања годинава беа тендерите тешки десетици милиони евра за набавка на јаглен, мазут и ангажирање механизација за ископување во РЕК Битола. Епилогот, е раскинување на договорот со Марковски компани вреден 46 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина, поради неисполнување на барањата. Подизведувачи во тендерот беа и две струмички фирми, кои според истражувањето на  Код, се поврзани со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Поранешниот директор Ковачевски е под истрага во случај за набавка на адитиви за согорување на јагленот, кој исто така потекна од новинарски истражувања.

Една од фирмите кои добиваше тендери во РЕК Битола е и Зобек мининг. Деспотовски беше на распит токму за тендери кои оваа фирма ги добила во ТИРЗ за градежни работи во економските зони.

Годинава продолжи и случајот Синџир за даночни затајувања. Багеристи, возачи и бравари беа осудени за финансиски криминал тежок 8 милиони евра. Главните осомничени дека биле организатори на групата, Стојан Чифлигароски и Љупчо Пецов Ѓаволот се недостапни за органите на прогонот. Сепак, годинава беа обвинети уште 15 вработени во УЈП.

Код годинава интензивно ја истражуваше и војната меѓу криминалните групи во скопското подземје. Шефовите на групата од Грчец се во странство, а синот на екс-заменик министерот за внатрешни Назим Буши беше на распит под сомнение дека е „кртот“ кој им дојавил на припадниците на другата група Беланоца дека полицијата доаѓа по нив за да избегаат.

Срѓан Стојанчов