По повод одбележување на Недела на италијанска кујна вечерва во Штип се одржа „Големиот натпревар, Пица vs Пастрмајлија“. Настанот се одржа во „Local kitchen and bar“ со поддршка на Италијанската амбасада и во знак на годинешната Кандидатура на италијанската кујна за нематеријално богатство на УНЕСКО.






















