Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во Брисел, во обид да ги „испегла“ разликите со европските лидери

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, денеска во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Како што забележуваат европските медиуми, Мелони одлучи својата прва официјална посета да ѝ биде патувањето до Брисел, наместо Унгарија, или некоја дрга европска земја со десничарска влада.

Но, иако таа ќе се обиде да се претстави како пријателско лице и потенцијален вреден соработник, сепак, во Брисел ја очекува ладен пречек. Фон дел Лајен, пред денот на изборите во Италија, порача дека извесната крајнодесничарска влада, прво во земјата по Втората светска војна, се заканува да ги поткопа демократските стандарди, а критиките беа превземени и од француските политичари, откако Мелони прогласи победа во Италија.

Италијанската премиерка, со посетата на Брисел, се надева дека европските лидери ќе ја сфатат како подадена рака од Рим. „Самата посета е пораката“, изјавил анонимен близок соработник на Мелони за европските медиуми.

Повеќе од очигледно е дека Мелони, како што се наближуваа изборите и победата стануваше се поизвесна, таа започна да вложува се поголеми напори да го смени својот имиџ на крајнодесничарски гласноговорник, со длабоко евроскептични колеги.

Политиката на владата на десниот центар никогаш нема да ги ограничи постоечките слободи на граѓаните и бизнисите. Ќе видиме, исто така и со факти од граѓанските права и абортусот, кој лажел и кој ја кажувал вистината во текот на предизборната кампања, за тоа кои биле нашите вистински намери, изјави Мелони неодамна во италијанскиот Парламент.

Денеска во Брисел ќе се разговара за енергетската криза, плановите за економско опоравување од пандемиајта и војната во Украина, но, Мелони се надева дека ќе добие прилика да се спомне и европскиот одговор на ценовната криза, особено на енергијата, која за италијанските семејства се зголеми за три пати.

Имајќи ја во предвид економската ситуација во Италија, Мелони ќе се обиде да ја демонстрира нејзината подготвеност да го намали дефицитот, но исто така таа ќе се обиде да дознае дали и колку простор за флексибилност ќе има, за да одлучи кои од скапите предизборни ветувања на нејзината коалиција ќе можат да бидат остварени.

Во прилог секако ѝ оди фактот што Италија засега има повисок економски раст од Франција и Германија, а поради инфлацијата исто така се подобри од процентот на задолженост од БДП.

Во својата политичка кариера, Џорџа Мелони, не се воздржуваше да упати критика кон Брисел. За време на предизборната кампања во Италија, таа повеќе пати на Брисел му порачуваше дека „добрите времиња завршија“, а во нејзината книга, која допрва треба да се објави, Мелони за ЕУ напиша дека е „натраплива за малите прашања, но отсутна за големите.“

Но, покрај сите овие идеолошки разидувања меѓу Брисел и новата влада во Рим, едно прашање за кое и двете страни се согласуваат, е војната во Украина. Од самиот почеток на војната Мелони го поддржа Киев, а по превземањето на функцијата вети дек Италија ќе продолжи да ги поддржува еврпските санкции против Русија.