Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Итно напуштете го Израел – САД со порака до своите државјани

/

пред 225 дена

Сподели преку :

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби апелира до персоналот во дипломатското претставништво кое сака да замине од земјата, тоа да го стори денеска, како предупредување за можен ирански напад. Истовремено, и Стејт департментот ги ажурира своите препораки, со совет со американските граѓани да не патуваат во Израел, пишува „Ерусалим пост“.

Според извештај на „Њујорк тајмс“, Хакаби утрово во 00:04 часот испратил е-маил до персоналот на амбасадата, со порака да резервираат летови каде што можат за да ја напуштат земјата.

Стејт департментот, пак, официјално одобри заминуавње од Израел на државните службеници не неесецијални позиции и членови на нивните семејства. Во општа објава доамериканските граѓани се сугерира да „разгледаат напуштање на Израел додека комерцијалните летови се сè уште достапни“.

Кина денеска издаде предупредување до своите државјани да избегнат патувања во Иран, а оние кои се наоѓаат во земјата да се евакуираат што е можно поскоро. Како причина е наведена безбедносната ситуација.

Канада, пак, ги повика своите државјани да го напуштат Иран, предупредувајќи на ограниченост на комерцијалните летови.

Австралија ги повика членовите на семејствата на нејзните дипломати во Израел и во Либан да ги напуштат двете земји поради влошената безбедносна ситуација.