Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Итно решавање на три клучни барања постави бизнис заедницата пред владините преставници

/

пред 1514 дена

Сподели преку :

Бизнисот со нов обид да добие помош од државата за да го ублажат ударот од виските цени на струјата.

По состанокот во Владата излегоа со неколку клучни барања. Да се укине ДДВ – то за струја, да се замрзне цената на електричната енергија , по примерот на  земјите од соседството, субвенции за  покривање на дел од трошоците за елеткрична енегија,   но и да се упростат  процедурите  за поставување на фотоволтаици.

Апелираат,  државата веднаш да реагира затоа што до крајот на годинава многу фирми ќе бидат принудени да  стават клуч на врата и да делат откази.

Вицепремиерот Битиќи  не одговори  дали има простор овие брања од бизнсиот да бидат прифатени.

Посочи дека пред нас е тешка зима, а средбите со стопанствениците ќе биле почести.

Во меѓувреме цената на струјата на берзите руши рекорди. Достигна и до 700 евра за мегават час, а прогнозите се дека ќе  биде  и 1.000 евра.

Бројките пак на згаснати фирми се аларматни. Од почетокот на годинава до сега над 5000 фирми се затвориле.

Ирена Чачкова