Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иванов: Управувањето со отпад претставува прилично неризичен начин на заработка на организирани криминални групи

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Мора да бидеме претпазливи, во отсуство на оперативни информации, не можам да кажам дали се работи за координиран напад, вели Александар Иванов, професор на факултетот за безбедност во Скопје, во вечерашната Топ тема на Телма ТВ за пожарите кои изминатите денови избувнаа на неколку локации во Скопје.

„Меѓутоа изминатите години, децении и повеќе од тоа, станува збор за слабости на системите поврзани за безбедноста и, пред сè, системот за заштита и спасување, но и други органи на државната власт кои затаиле и сега сме доведени во една ситуација на изразено силна бројка на криминалот од една страна и од друга страна дали се тоа последици од казнената политика која ја спроведува нашата држава“, смета Иванов.

Во врска со пожарите, тој додава дека станува збор за сериозни кривични дела за кои законодавецот ги утврдил како дејствија за кои се заканува казна затвор од минимум осум години.

„Но, ако ги погледнеме пресудите, ќе видиме дека во изминатите години ние немаме осуден човек за предизвикување на шумски пожар. Што се однесува до последните настани, би сакал да отворам два елемента за кои сметам дека се важни во целиот овој процес. Едниуот е системот за заштита на животна средина кој е координиран и носител е министерството за животна средина и просторно планирање и вториот е дирекцијата за заштита и спасување, како носител на системот за заштита и спасување и уште поважно, институција која го спроведува законот за пожарникарство и практично раководи со тој систем за заштита од пожари“, вели Иванов.

Според него, министерството за животна средина преку своите овластување за издавање на дозволи, оценка на влијание на животна средина, има овластување да додели концесија, но исто така има и обврска да ја контролира работата на тие субјекти.

„Ако се погледне криминалот во изминатите 20 години, кривичните дела во кои влегува и загадување на животната средина со отпад, се незначителни во вкупниот број на кривични дела. Ако ја погледнеме т.н. СОКТА, проценка на ризици на заканите од сериозен и организиран криминал на Европската унија која ја објавува Европол, може јасно да забележиме дека управувањето со отпад, не само сега, туку и децении наназад, претставува прилично неризичен начин на заработка на организирани криминални групи“, истакна Иванов.