Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски: Дигитализација за поефикасна конфискација

/

пред 461 дена

Сподели преку :

За поефикасна конфискација и враќање на украдените пари потребна е дигитализација смета директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. Со еден клик да се доаѓа до сите бази на податоци наместо документите на хартија да шетаат по институции за одговор од каде протекуваат информациите

„Главен предуслов според мене е дигитализација. Веднаш кога таргетот ќе дознае дека е дел од кривична постапка дека за него се води предистрага, мораме веднаш со привремени мерки да го сопреме тоа префрлање на имотот но тоа е отежнато со хартија. Затоа што до таа хартија имаат пристап повеќе луѓе од повеќе институции и веднаш имаме проток на информации до евентуалниот таргет“ вели Слободан Ивановски директор на УФП.

Според Ивановски усвојувањето трите нови за закони и новата стратегијата финансиски истраги и конфискација на имот се чекор напред за усогласување со ЕУ стандардите но нормативната рамка не значи и автоматски и ефикасна конфискација. Финансиската полиција утврдила неколку критични точки меѓу кои и ограничен пристап до информации, фрагментирана институционална координација, недоволно ресурси и алатки за откривање

„Потребни се заеднички бази, брза комуникација и оперативна размена на информации. Ресурсите и капацитети се под нивото што го бараат европските стандарди. Не зборуваме само за човечки ресурси туку и за ај ти алатки. Пристап до Катастар, банкарски информации регистри на фирми. Без овие алатки следење на финансиски текови, особено комплексни транснационални, останува половично“ изјави Слободан Ивановски директор на УФП.

Со најновите измени на Законот за управување со конфискуван имот кои влегуваат во сила од денес сите државни институции можат да дојдат до возилата коишто се привремено или трајно одземени рече Ирена Илиевска, директорката на Агенцијата за управување одземен имот. Во моментот во Агенцијата има над 1700 вакви возила. За привремено одземени возила, Агенција треба да добие согласност од сопственикот од којшто е одземено возилото или од институцијата што го одземала. Институцијата пак која ќе го користи, треба уплати и средства на државна сметка во висина на проценетата вредност на возилото

„Доколку настане случај дека тоа возило треба да се врати по одреден временски период на сопственикот, институцијата којашто го презела, на којашто било отстапено возилото согласно одлука на Влада, треба да ги врати на сопственикот, тие 93 отсто од вредноста на проценката, а оние 7 отсто ќе треба да ги исплати Агенцијата на самиот сопственик“ рече Ирена Илиевска, директорката на Агенцијата за управување одземен имот.

На конференцијата посветена на конфискација и управување со имот стекнат од криминал во организација на Националната конвенција на ЕУ во земјава Илиевска објаснува дека ваквите измени биле неопходни затоа од одземање на возилото до правосилно завршување на постапките минувам многу време, а ним им пропаѓа вредноста и поради тоа што Агенцијата нема услови да ги чува.

 Елена Ивановска Мукоска