Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски сребрен на Балканското првенство во полумаратон во Атина

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски постигна уште еден голем успех во својата кариера. Тој денеска го освои сребрениот медал на Балканското првенство во полумаратон што се одржа во Атина, Грција.

Македонецот до својот вкупно 11-ти медал од Балканските првенства на патеката долга 22 километри дојде до со време од 1 час, 5 минути и 19 секунди. Победник беше Лука Драгош од Романија, кој имаше 30 секунди подобро време од Ивановски, а зад нашиот натпреварувач заврши Гркот Николаос Стамулис.